Сити ги одби сите понуди: Де Бруин е недопирлив „граѓанин“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити нема намера да се раздели со белгискиот интернационалец Кевин е Бруин. Тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот и Пеп Гвардиола веќе му понуди можност за продолжување на договорот на „Етихад“. 

Манчестер Сити ги одбил понудите од Реал Мадрид и од Јувентус за негов трансфер. Одговорот е дека Кевин де Бруин е недопирлив и клубот воопшто не размислува за негова продажба. Белгиецот е врзан со потпис до 2023 година, а уште отсега клубот сака да го продолжи неговиот договор на дополнителни три сезони. 

„Граѓаните“ со неверојатна низа од 18 последовни победи, од кои 13 во Премиер - лигата, обезбедија голема предност на врвот на табелата во англискиот шампионат. 

   
G-G32VEZ5NYJ