Флорентино Перез го победи коронавирусот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го победи коронавирусот. По двонеделна изолација и максимална здравствена нега, првиот човек на „кралскиот клуб“ доби два негативни теста за Ковид-19 и може да им се врати на работните обврски.

Како што информираат од Реал Мадрид, претседателот нема да патува за Бергамо со тимот на првиот меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите против Аталанта, но ќе се приклучи во работата во клубот по повеќедневна апстиненција. 

  
G-G32VEZ5NYJ