Мурињо го враќа Ди Марија во Премиер - лигата

Аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија на лето ќе го напушти Пари Сен Жермен, а постои голема веројатност да се врати во Премиер - лигата. За него е заинтересиран Тотенхем и на трансферот инсистира Жозе Мурињо.

Ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ, а англиските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и големи се шансите од следната сезона да се врати во Премиер - лигата.

Мурињо одлично ги познава квалитетите на Ди Марија и сака да го доведе во Лондон. Аргентинецот има понуди и од Серија А, а најзаинтересирани се Интер и Јувентус.

 
G-G32VEZ5NYJ