Донарума на лето доаѓа на „Олд Трафорд“?

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума најверојатно ќе си замине од Милан на крајот од сезоната, а негова следна дестинација треба да биде Манчестер Јунајтед. Тој треба да биде наследникот на Давид де Хеа на голот на „црвените ѓаволи“.

Заминувањето на Донарума од Милан е главна тема на Апенините со оглед дека неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната. Подолг период раководството на клубот од „Сан Сиро“ преговора со неговиот агент Мино Рајола за продолжување на договорот, но најверојатно тоа нема да се случи.

Италијанските медиуми тврдат дека младиот голман веќе постигнал договор со Манчестер Јунајтед и би можел кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Донарума, кој стана најмладиот играч во историјата кој стигнал до 200 настапи во Серија А, не сака да замине од Милан без отштета, а Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра. Ова значи и дека Давид де Хеа најверојатно ќе биде продаден.

 
G-G32VEZ5NYJ