Чурлинов со маска се врати на тренинзите на Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати на тренинзите на бундеслигашот Штутгарт откако заздраве од повредата на носот. Тој со специјална маска ќе работи во наредниот период откако паузираше 10 дена по операцијата на носната коска. 

Доколку се биде в ред, Чурлинов се очекува да конкурира за составот веќе на наредниот натпревар против Шалке 04 в сабота. Досега тој има шест настапи за германскиот бундеслигаш. 

 

 
G-G32VEZ5NYJ