Галијани го „закача“ Наполи за Лука Станковски: Ви недостига брзина за да се тркате со мене

Македонскиот вундеркинд Лука Станковски од јуни ќе биде нов член на италијанскиот клуб Монца. По препорака на Звонимир Бобан, кој е воодушевен од талентот на младиот фудбалер на Работнички и во италијанските медиуми истакна дека со одредени потези го потсетува на легендарниот Зинедин Зидан, Адријано Галијани со брза реакција го осигура неговиот потпис за Монца, иако во трката беше и Наполи. 

Откако договор е веќе потпишан, Галијани во италијанските медиуми го „закачи“ Наполи, со порака дека им недостига брзина за да можат да ги следат неговите реакции на трансфер - пазарот.

„Брзината е важен елемент во фудбалот“, истакна Галијани.  

Лука Станковски во есенскиот дел од сезоната постигна седум гола во дресот на Работнички и запиша две асистенции. Со добрите настапи во дресот на „романтичарите“ се препорача на европскиот пазар, а најбрза беше реакцијата на Адријано Галијани и Монца. 

  

       
G-G32VEZ5NYJ