Пирло ќе добие отказ ако Порто го елиминира Јувентус во ЛШ?

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ќе добие отказ ако италијанскиот калчолигаш доживее елиминација на стартот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Медиумите на Апенините најавуваат дека доаѓаат критични денови за Пирло на клупата на „старата дама“. 

Јуве е во сериозно заостанување во Серија А, има дури 11 бода помалку од лидерот Интер, но и два одиграни меча помалку. Вечерва тимот од Торино го пречекува Кротоне на домашен терен и очекува да ја намали двоцифрената бодовна негатива. 

„Старата дама“ загуби со 2-1 на првиот меч против Порто одигран на „Драгао“ во Португалија. 

      
G-G32VEZ5NYJ