Реал Мадрид само со 12 сениори патува на дуелот против Аталанта во ЛШ

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид се соочува со многу проблеми во пресрет на стартот на нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тренерот Зинедин Зидан има само 12 сениори на располагање за дуелот в среда на гости против Аталанта. 

Карим Бензема не успеа да се опорави и да се приклучи на тимот, а Зидан ќе ги нема и капитенот Серхио Рамос,  Еден Азар, Дани Карвахал, Марсело, Милитао, Одриозола, Валверде и Родриго.   

Реал Мадрид и покрај големиот број повредени фудбалери успеа да се доближи до градскиот ривал Атлетико Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.



 
G-G32VEZ5NYJ