Мораториум во Наполи: Елмас и соиграчите не смеат да даваат изјави

Италијанскиот калчолигаш Наполи го крена нивото на мобилизација откако тимот загуби на гостувањето кај Аталанта со 4-2. Раководството „нареди“ никој од клубот да не дава изјави за медиумите. 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и соиграчите, како и тренерот Џенаро Гатузо добија клупска забрана да комуницираат со медиумитре и да изнесуваат ставови во јавноста. 

На Наполи не му оди според посакувањата во досегашниот тек од сезоната во Серија А. Низ медиумите на Апенините се шпекулира дека Гатузо набрзо би можел да добие отказ, а нов тренер да биде Масимилијано Алегри.
  

 
G-G32VEZ5NYJ