Ѓока: Момците се жртвуваа за да направат пресврт против Силекс

Шкендија ја задржа лидерската позиција и шесте бода предност во однос на Шкупи, а ја зголеми на осум позитива во однос на Македонија ЃП. Тетовскиот тим имаше успешна пролетна премиера во Кратово, а успеа да дојде до три бода иако Силекс поведе со голот на Иван Ивановски.  

„Успеавме да освоиме три бода на тежок терен за игра. Играчите одиграа најдобро што можеа и се жртвуваа за да стигнеме до пресврт. Направивме грешка во првиот дел и примивме гол, но задоволен сум како реагираше тимот по негативата. Со вакво залагање, Шкендија ќе биде блиску до бодовите на секој меч. Првенството е тешко, а посебно е тешко за тимот кој треба да се задржи на врвот“, изјави Ернест Ѓока.

Шкендија во следното коло ќе го пречека Вардар на домашен терен во Тетово. 
G-G32VEZ5NYJ