Херој на денот: Фудбалерот на Охрид, Един Мерсовски, спасил три малолетни деца од давење во Охридско езеро

Фудбалерот на второлигашот  Охрид Лихнидос,  Един Мерсовски, е херој на денот откако спасил три малолетни деца кои се давеле во Охридското езеро. Со брза реакција Мерсовски успеал да ги извлече децата од студената вода, а потоа стигнал дури и да го одработи закажаниот клупски тренинг.
  
„Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од обала се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, раскажува Мерсовски за порталот „news 1.мк“. 

По инцидентот, спасителот од исплашените деца разбрал дека додека седеле на мостот, едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат скокнале по него. Студената вода и стресот кај дечињата кои се на  воздраст од 8 и 9 години си го направил своето. Децата наместо да се извлечат едно со друго, езерска вода почнала да ги повлекува надолу. За среќа, на вистинско место се нашол Един Мерсовски.

 
G-G32VEZ5NYJ