Кит Го го совлада Тетекс во генералната проверка пред стартот на пролетта

Кит Го го совлада убедливо Тетекс со 4-2 во генералната проверка пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Пријателскиот натпревар се одигра на игралиштетото на Бело Брдо во Штип.

Првото полувреме почна со израмнета игра, во која први до предност дојдоа гостите од Тетово. Сепак, Бошко Ступиќ во 40. минута и Зоран Андонов пет минути подоцна обезбедија предност за Кит Го на одморот. 

Мартин Димовски зголеми на 3-1, во 82. минута погоди и Кире Трпчевски, а Тетекс во финишот од пенал успеа само да го ублажи поразот.


G-G32VEZ5NYJ