Чеде Јаневски ги победи Тричковски и Спировски и влезе во „шампионската група“ пред АПОЕЛ

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски оствари голем успех со Олимпијакос Никозија во првенството на Кипар. Со триумфот од 1-0 над АЕК Ларнака, тимот за првпат во историјата се пласираше во „шампионската група“ - разигрувањето за првак на државата по регуларниот тек од првенството, и тоа пред АПОЕЛ. Јаневски неодамна седна на клупата на Олимпијакос Никозија, но веднаш почна со успеси. 

Во тимот на АЕК Ларнака на денешниот меч стартер беше Иван Тричковски, а во вториот дел играше и Стефан Спировски. Даниел Мојсов не беше во составот на гостите. 

Стрелец на победничкиот гол за Олимпијакос Никозија беше Василиос Манцис цо 17.минута од натпреварот. 

      
G-G32VEZ5NYJ