За проневерените 2,4 милиони евра од ФФМ: Обвинетата сметководителка од дома ги бришела трагите во системот

Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе нова кривична пријава за поранешната шефица на Одделението за финансии и сметководство во Фудбалската федерација на Македонија Олгица Младеноска. Од Финансиската полиција констатирале дека таа повеќепати од дома правела измени за да ги избрише трагите кои воделе до неа во случајот во кој е обвинета за проневера на милионска сума од сметката на ФФМ. 

„Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација на Македонија преку апликацијата TeamViewer од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и истата вршела измени- прекнижување, докнижување и бришење на ставки во сметководствената евиденција на ФФМ, а се со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои и се ставаат на товар, сите опишани во кривичната пријава веќе поднесена од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“ - стои во соопштението од Финансиската полиција.



 
G-G32VEZ5NYJ