Јане Николоски нов тренер на Слога Виница

Македонскиот второлигаш Слога Виница го именуваше Јане Николоски за нов тренер. По заминувањето на Крсте Крстев, раководството на клубот успеа да се договори со поранешниот репрезентативен голман да седне на клупата на Слога Виница.  

Амбициите на клубот се пласман во горниот дел од табелата во Втората лига Исток. 

Јане Николоски тренерската кариера ја почна во Арис Лимасол, потоа беше и кормилар на Хоризонт Турново, Победа Прилеп и на Дрита Боговиње. 


G-G32VEZ5NYJ