Гатузо: Елмас не смее да паѓа психички ако му укажам каде погрешил

Наполи загуби од Гранада со 2-0 во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на Европа. Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, а тренерот Џенаро Гатузо вели дека му укажал на грешките што ги направил во текот на мечот, а потоа Елмас станал депресивен.
    
„Му посочив на Елмас дека направи неколку грешки, а тој стана депресивен. Во фудбалот мораш да разбереш што се кажува и да продолжиш понатаму, а не да размислуваш за грешката. Не ми се допадна како реагираше Елиф кога му укажав на грешките. Мораме да бидеме силни и на психолошки план, покрај добрата физичка подготовка“, изјави Гатузо. 

 
G-G32VEZ5NYJ