Селекторот Изов ги одреди фудбалерките кои ќе настапат на пријателскиот меч со Црна Гора

Македонската А женска репрезентација на 21. февруари од 13 часот во Подгорица ќе одигра пријателски натпревар со женската селекција на Црна Гора. 

За овој контролен натпревар селекторот Кирил Изов ќе смета на следните фудбалерки: 

Голмани: Панчурова Викторија (Тиверија), Лекоска Магдалена (Љуботен);

Одбрана: Даниела Велеска (Деспина Прилеп), Јулија Живиќ (Љуботен), Ане Бошеска (Тиверија), Гегова Драгана (Скопје 2014), Катерина Милеска (Деспина-Прилеп), Јошевска Христина (Каменица Саса), Јасмина Јовановска (Речица).

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Шемсовиќ Елма (Борец), Александра Ристовска (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје 2014), Елена Петровска (Скопје 2014), Сара Хусеин (СЦ Истатов);

Напад: Ангела Стојковска (Деспина Прилеп), Афродита Салихи (Шкендија), Улза Максути (Асс Јунајтед), Ели Јаковска (Локомотив-Стара Загора), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов), Теодора Димоска (Тиверија); 

 
G-G32VEZ5NYJ