Горан Пандев спортист на годината, фудбалот ги освои сите награди

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, е избран за најдобар спортист за 2020 година во изборот на Сојузот на спортови и Агенцијата за млади и спорт. Предводникот на фудбалскиот национален тим го постогна победничкиот гол против Грузија во плејофот за историски пласман на Македонија на Европското првенство.

„Имам чест и задоволство да му се поклонам нему, а преку него и на сите спортисти“, изјави премиерот Зоран Заев за наградата која му припадна на Горан Пандев.

„Жал ми е што не сум присутен директно на манифестацијата. Благодарност за оваа награда, која сакам да поделам со сите соиграчи, селекторот, но и докторите, економите и сите кои се дел од фудбалската репрезентација. Ова ми дава мотив и понатаму да го носам дресот на мојата репрезентација, што за мене е светост“, изјави Горан Пандев преку видео линк. 



Македонската фудбалска репрезентација е и најдобар национален тим за 2020 година, а Игор Ангеловски е најуспешен селектор. Фудбалската федерација на Македонија е најуспешна федерација во годината што е зад нас. 
       

Најдобар спортист за 2020: Горан Пандев (фудбал)

Најдобра спортистка за 2020: Вероника Костова (карате)

Најуспешен селектор: Игор Ангеловски (фудбал)

Најуспешен национален тим: Фудбалска репрезентација на Македонија

Најуспешна федерација: Фудбалска федерација на Македонија

Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)

Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате)

Најуспешен спортист од лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)
G-G32VEZ5NYJ