Македонија остана на 65. место на листата на ФИФА

ФИФА ја објави најновата ранкинг листа за светските фудбалски селекции, а на неа Македонија повторно е на 65. место каде и што ја заокружи 2020 година. 

Селекцијата на Игор Ангеловски немаше активности од ноември, а на крајот на март ќе ги стартува квалификациите за Светското првенство во Катар. Македонија ја очекуваат дуелите против Романија, Лихтенштајн и против Германија. 

На врвот на листата на ФИФА се наоѓа Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, и Португалија. Во првата „десетка“ се и Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико, Италија. На 13. позиција е Германија која е наш ривал во квалификациите за СП 2022, а место подолу е Холандија со која Македонија ќе игра во групната фаза на Европското првенство. 


G-G32VEZ5NYJ