Ангеловски: Задоволен сум од тестот, играчите ќе ги следиме во иднина

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Работнички со 2-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на теренот со вештачка трева на комплексот на ФФМ. Селекторот Игор Ангеловски имаше тим составен претежно од фудбалери од домашното првенство и надополнет со неколкумина интернационалци.

“Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин, благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар. Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности. Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки” -  селекторот, Ангеловски.
G-G32VEZ5NYJ