А-тимот подобар од Работнички на тестот во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Работнички со 2-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на теренот со вештачка трева на комплексот на ФФМ. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски, тим составен претежно од фудбалери од домашното првенство и надополнет со неколкумина интернационалци, покажа квалитет, но и „романтичарите“ одлично парираа во текот на целиот меч. 

Љупчо Дориев во 15.минута го отвори резултатот откако доби употреблива топка и успеа да ја затреце мрежата на Бурхан Мустафа. Убава можност да возврати имаше Стефан Јевтоски од слободен удар, но Захов го одбрани неговиот удар. 

Мустафа беше поуспешен и од Дашмир Елези во првиот дел. 



Фати Исмаили во второто полувреме зголеми на 2-0. Убава можност имаше и Марко Ѓорѓиевски, излезе сам пред противничкиот голман, но го погоди дирекот. 

Селекторот Игор Ангеловски имаше убава можност да ја провери формата на дел од фудбалерите во пресрет на почетокот на квалификациите за СП, но и Европското првенство во јуни. 

Репрезентација на Македонија: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски. Играа уште: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Л. Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.

Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, М. Станковски. Играа уште: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.



 
G-G32VEZ5NYJ