Пандев се повреди, ќе паузира три седмици

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе мора да отсуствува од терените во наредните три седмици. Тој заработи повреда на бутниот мускул на последниот дуел со Торино и ќе мора да биде на принудна пауза.

Пандев по едно одиграно полувреме се пожали на болки во мускулот и мораше да биде заменет на паузата, а деталните прегледи покажаа дека се работи за истегнување на мускулот од втор степен. Тоа значи и мирување од дваесетина денови.

Капитенот на македонскиот национален тим ќе ги пропушти следните три меча во Серија А, против Верона на домашен терен, гостувањето против Интер и градското дерби со Сампдорија.


G-G32VEZ5NYJ