Кит Го го совлада Осогово

Фудбалерите на Кит Го ја запишаа првата победа низ зимскиот подготвителен период. По двете претходни ремија со Брегалница и со Кожуф во Гевгелија, овој пат на домашен терен во Пехчево тимот на Кит Го победи против Осогово со 1-0.

Избраниците на Емил Грнев беа поквалитетен противник од кочанци, па по доминантната игра сосема заслужено до триумфот дојдоа со голот на Бошко Ступиќ во 62. минута, кој прекрасно лобуваше по асистенција на Тони Мичковски. Ступиќ игра во одлична форма низ подготвителниот период, запишувајќи го и третиот свој гол на третиот натпревар.

Во второто полувреме одлични шанси и за поубедлива победа имаа и Мичковски и Ступиќ, а Стефан Мишев го погоди и дирекот од противничкиот гол.

 
G-G32VEZ5NYJ