Познат распоредот: Македонија У21 ги стартува квалификациите на гости против Франција

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021 година ќе го почне со тешкото гостување против главниот фаворит Франција на 2 септември. Пет дена подоцна избраниците на Благоја Милевски ќе играат против селекцијата на Србија на домашен терен.

Противници на нашиот национален тим во групата Х ќе бидат Франција, Србија, Ф.Острови, Ерменија и Украина. На ЕП 2023 ќе патуваат вкупно 14 селекции, плус домаќините Грузија и Романија.


РАСПОРЕД

Франција - МАКЕДОНИЈА (2 септември)

МАКЕДОНИЈА - Србија (7 септември)

Ф.Острови - МАКЕДОНИЈА (7 октомври)

Ерменија - МАКЕДОНИЈА (12 октомври)

МАКЕДОНИЈА - Украина (11 ноември)

МАКЕДОНИЈА - Франција (16 ноември)

Србија - МАКЕДОНИЈА (24 март 2022 година)

МАКЕДОНИЈА - Ф.Острови (29 март 2022 година)

МАКЕДОНИЈА - Ерменија (2 јуни 2022 година)

Украина - МАКЕДОНИЈА (7 јуни 2022 година)



G-G32VEZ5NYJ