Сејдини кандидат на ОФС Кичево за нов претседателски мандат во ФФМ

Актуелниот претседател на фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на изборното собрание ќе се кандидира за нов претседателски мандат како претендент од ОФС Кичево. 

Ваква одлука е донесена на денешното изборно собрание на општинскиот сојуз Кичево каде сите присутни  30 делегати му дале поддршка на Сејдини. За претседател на ОФС Кичево е избран Марјан Ристески.

Управниот одбор на ФФМ треба да го одреди терминот за одржување на изборното собрание на Федерацијата. 

На собранието на ОФС Кичево беше присутен заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт. 

 

G-G32VEZ5NYJ