Футсал тимот загуби од БиХ на гостувањето во Зеница

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз (2-1) од селекцијата на Босна и Херцеговина во првото коло од групата 4 во квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Во арената „Хусејин Смајловиќ“, избраниците на Васко Скендеровски одиграа добар меч, но на крајот сепак се поразени. 

Јосип Бошковиќ ги доведе Босанците во водство во осмата минута, а истиот играч зголеми на 2-0 во 17.минута. Две минути подоцна Дандан не реализира пенал гаѓајќи во стативата. 

Македонија намали во 23. минута преку Драган Петровиќ, а до крајот шанси за израмнување имаа и Мицевски и Арсовски. 

      
G-G32VEZ5NYJ