Шкупи ремизираше со Ахмат Грозни, повторно стрелаше Адеми

Македонскиот прволигаш Шкупи ремизираше (1-1) против рускиот клуб Ахмат Грозни на подготовките во Анталија, Турција. Тоа е второ реми за тимот од Чаир на тестовите во турскиот туристички центар. Стрелец на голот за Шкупи беше Адеми во 39.минута, а Ахмат Грозни израмни во второто полувреме, во 73.минута од мечот. 

Новиот тренер  Хасан Озер го стартуваше мечот со следниот тим: Наумовски, Глигоров, Киравњева, Иљази, Нето. Сенгор, Алварез, Исени, Бугазели, Адеми, Цветаноски. Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери. 

 

    
G-G32VEZ5NYJ