Џеко бара излез од Рома, сака назад во Премиер - лигата

Босанскиот интернационалец Един Џеко е во немилост на тренерот Пауло Фонсека кој не дозволува да се врати во составот по жестоката кавга. Напаѓачот најверојатно ќе мора да го следи примерот на Папу Гомез од Аталанта и да го напушти „Олимпико“ до крајот на зимскиот преоден рок. 

Има неколку опции за размена и Џеко да остане во Италија, но тој преферира да се врати во Премиер - лигата. Неговата желба е повторно да го облече дресот на Манчестер Сити, како позајмен играч до крајот на сезоната. Во опција е и Челси и веќе се остварени првични разговори со новиот менаџер Томас Тухел. 

    
G-G32VEZ5NYJ