Солскјер: Игравме лошо, а и судиските одлуки беа против нас

Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз од Шефилд Јунајтед (1-2) на „Олд Трафорд“ и го загуби првото место на табелата во Премиер - лигата од градскиот ривал Сити. Покрај лошото издание, менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека на поразот влијаеле и судиските одлуки при головите на противникот.    

„Изненаден сум од поразот, бевме една од најконстантните екипи во последните неколку месеци. Ни недостигаше креативност, не создадовме доволно шанси, а противникот се бранеше одлично. Мора да се напомене дека и судиите направија две грешки кои директно влијаеа на мечот. Де Хеа беше фаулиран при голот на Шарп, а потоа неправедно ни беше поништен гол поради непостоечки прекршок над голманот“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед викендов го очекува гостување на „Емирати“ и дуел со Арсенал.

 
G-G32VEZ5NYJ