На улица убиен руски фудбалер

Рускиот фудбалер Јегор Дробиш е убиен додека се враќал дома од вечерно излегување. 21-годишниот фудбалер кој е член на второлигашот Омск, настрадал по убод со нож во срцето. Бил во друштво на пријател кој ито така е сериозно повреден и се бори за живот.

Фудбалерот и неговиот пријател биле под дејство на алкохол, пишуваат руските медиуми. Кога се враќале дома, тие биле нападнати од непознати лица. Мотивот на нападот исто така засега не е познат, но полицијата работи на случајот.


G-G32VEZ5NYJ