ЖФК Љуботен ги претстави засилувањата

Женскиот фудбалски клуб Љуботен со големи амбиции влегува во вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига. Во зимскиот преоден рок доведени се неколку големи засилувања од странство.

Раководството на клубот и официјално ги презентираше новите фудбалерки најавувајќи дека ЖФК Љуботен треба да игра видна улога во продолжението од првенството.

Доведени се две бразилски интернационалки, Роналдиња и Таила Фариаш, Камерунката Хорелија Сореле, босанската репрезентативка Сенада Муратовиќ и српската фудбалерка Анѓела Миловановиќ.

     
G-G32VEZ5NYJ