Македонската футсал репрезентација ги стартуваше подготовките за квалификациските мечеви за ЕП против БиХ и против Романија. Се приклучи и хрватскиот стратег Мато Станковиќ кој го засили стручниот штаб на селекторот Васко Скендеровски.
Футсал селекцијата е речиси комплетна, недостига единствено Зибери кој поради пандемијата на коронавирусот не доби дозвола да допатува од Италија.
Првиот дуел Македонија ќе го игра против БиХ во Зеница на 28 јануари, а потоа на 3 февруари ќе ја пречека Романија на домашен терен.