Гатузо по загубениот Суперкуп: Главата горе и одиме понатаму!

Наполи го загуби Суперкупот на Италија од актуелниот првак Јувентус, пресуди Кристијано Роналдо, а Алваро Мората во последните мигови во постави конечниот епилог (2-0) на дуелот кој се одигра во Реџо Емилија. Капитенот на „наполитанците“, Лоренцо Инсиње, во 80.минута не реализира пенал, но тренерот Џенаро Гатузо го заштити својот најдобар фудбалер, како и целиот тим. 

„Загубивме, но тимот беше жив, се бореше, патеше на теренот. Одлучија нијанси, ние исто така имавме шанси да го добиеме мечот. Не освоивме трофеј, жалиме за тоа, но можеме гордо да одиме со главата горе и да се фокусираме на следните предизвици. Има уште многу да се игра во Серија А, овој тим има квалитет за најголеми дострели и се надевам дека можеби и следната година ќе игра во Суперкупот“, изјави Џенаро Гатузо.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра околу половина час на натпреварот од Суперкупот. Следниот предизвик за „наполитанците“ во Серија А е дуелот против Верона на гости в недела. 

  
G-G32VEZ5NYJ