Зидан по елиминацијата: Не е срамота, такви работи се случуваат

Реал Мадрид доживеа срамна елиминација во 1/16 - финалето на Купот на Шпанија. Загуби од третолигашот Алкојано со 2-1 по продолженија иако водеше по првото полувреме, а во финишот третолигашот играше и со фудбалер помалку на теренот. 

Тренерот Зинедин Зидан вели дека не е срамно да се загуби иако тоа не го посакува ниту тој, ниту фудбалерите. 

„Не е срамота да се загуби иако јас не сакам никогаш да губам. Имавме водство, имавме и играч повеќе, ваквите дуели се мачни. Комплетно ја преземам одговорноста, не знам што ќе биде понатаму и како ќе реагира раководството. Ни останува да се бориме за трофеи во Ла Лига и во Лигата на шампионите“, изјави Зинедин Зидан по неверојатната елиминација на „кралевите“. 

 
G-G32VEZ5NYJ