Сензација во Шпанија: Нисколигашот Алкојано ги елиминира „кралевите“ од Купот на Кралот (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа сензационална елиминација во 1/16 - финалето од Купот на Шпанија. „Кралевите“ загубија (2-1) по продолженија од нисколигашот Алкојано иако имаа водство на стартот од дуелот.

Дефанзивецот Едер Милитао донесе предност за тимот на Зинедин Зидан во 45.минута, но Хозе Солбес ја најави сензацијата со погодокот во 80.минута. Мечот отиде во продолженија, а Алкојано зададе уште еден удар откако Хуанан Казанова во 115.минута ја затресе мрежата на Адриј Лунин кој имаше кошмарно деби на голот на Реал Мадрид. Алкојано од 110.минута беше и со играч помалку на теренот откако беше исклучен Рамос Лопез. 


       
G-G32VEZ5NYJ