Кавани и Погба - Јунајтед пак сите ги гледа одозгора (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го совлада Фулам на гости со 1-2 и повторно се врати на врвот на табелата во Премиер - лигата. „Црвените ѓаволи“ успеаја да одговорат на предизвикот на градскиот ривал Сити и со триумф го вратија првото место. 

Фулам изненади со погодок во петтата минута преку Адемола Лукман. Но, тимот на Оле Гунар Солскјер се врати во игра. Единсон Кавани во 21.минута го израмни резултатот. 

Во вториот дел, Пол Погба постигна фантастичен победнички погодок за Јунајтед во 65.минута од мечот. 


  
G-G32VEZ5NYJ