Роналдо и Мората ги растажија Елмас и Наполи во Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Јувентус го освои Суперкупот на Италија откако го совлада Наполи со 1-0 во дуелот во Реџо Емилија. „Старата дама“ успеа да ги искористи своите шанси и славеше со головите на Кристијано Роналдо во 64.минута и на Алваро Мората во судиското продолжение од мечот.  

Наполи имаше колосална можност за израмнување, но капитенот Лортенцо Инсиње не реализира пенал во 80.минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше од 67.минута на овој меч, влезе на местото на Тиму Бакајоко. Сепак, „наполитанците“ останаа без нов трофеј. 






     
G-G32VEZ5NYJ