Манчестер Сити преку Астон Вила се искачи на врвот (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја оствари 11. победа во Премиер - лигата која го искачи на врвот на табелата. „Граѓаните“ ја совладаа Астон Вила со 2-0 и се израмнија бодовно со Лестер (38 бода), но со подобра гол - разлика. 

Тимот на Пеп Гвардиола имаше многу шанси на овој меч, Емилијано Мартинез и одбраната на Астон Вила одолеваа до финишот, но потоа Бернардо Силва успеа да го пробие гостинскиот бедем. Во 79.минута, откако Родри се активираше од офсајд и му ја одзема топката на Тајронг Мингс, шутираше силно од работ на шеснаесетникот и ја затресе мрежата. 

Во 89.минута беше досуден пенал за Манчестер Сити, а Илкај Гундоган успеа да го реализира и го искачи тимот на врвот.      

 
G-G32VEZ5NYJ