Остварен е првиот фудбалски трансфер со биткоини

Остварен е првиот историски фудбалски трансфер со биткоини. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Давид Барал, кој сега игра за третолигашот во Шпанија, Интер Мадрид, познат и како ДУКС Интернационал Мадрид, ќе биде платен со криптовалутата биткоин. 

37 - годишниот напаѓач потпиша како слободен агент, а платен е со криптовалута. Нема прецизни информации за сумата, но еден биткоин изнесува 30.713 евра.

Шпанскиот клуб ја избра оваа опција за да го промовира својот нов спонзор „Криптан“, платформа за купување и продавање криптовалути.

 
G-G32VEZ5NYJ