Хебај две и пол години во Шкендија (ФОТО)

Албанскиот интернационалец Рубин Хебај го верификуваше договорот со македонскиот прволигаш Шкендија. Тој ги мина медицинските прегледи и потпиша договор на две и пол години со клубот од Тетово. 

Хебај треба да ја засили навалната линија на Шкендија и да биде уште една опција во напаѓачкиот ред покрај искусниот Бесарт Ибраими и младиот Дашмир Елези.

Тој доаѓа како слободен агент од албанскиот клуб Теута со кој го освои Купот на Албанија и Суперкупот на Албанија. Во кариерата има настапувано за Влазнија, Домжале, Партизани Тирана и за Ворскла. 

     
G-G32VEZ5NYJ