Скендеровски: Почнува фазата на подмладување на футсал - тимот

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и против Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. Очигледна е намерата за подмладување на националниот тим.

„Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП. За овие први два натпревари повикав двајца дебитанти Костадинов и Јованов, но веќе на следните два натпревари во март против Србија ќе бидат повикани дополнителни двајца дебитанти на местото на некои повозрасни играчи кои долго време се во репрезентацијата. Планоте овие квалификации да ги завршиме со неколкумина дебитанти (6-7) кои ќе бидат силна поддршка на оваа репрезентација во следниот циклус за пласман за СП“, вели селекторот Васко Скендеровски.


G-G32VEZ5NYJ