Шкупи елиминиран од украинскиот тим Керсон во ЛШ

Македонскиот футсал првак Шкупи доживеа елиминација во 1/16-финалето од Лигата на шампионите откако во Запорожје загуби од украинскиот тим Керсон со 5-1. 

Многу брзо Украинците обезбедија комфорно водство. Заврич во втората минута донесе предност, а само неколку секунди подоцна погоди и Билоцеркивец. 

Шкупи намали на 2-1 на стартот од второто полувреме со автоголот на Клаудио, но веќе во следниот напад Керсон повторно погоди преку Билоцеркивец. 

До крајот, Кладио и Да Роса му донесоа убедлив триумф на украинскиот клуб. 

     
G-G32VEZ5NYJ