Турците го претставија Лука Станковски: Фенербахче го сака новиот македонски дијамант (ФОТО)

Турскиот гигант Фенербахче е заинтересиран да го доведе Лука Станковски, новиот македонски фудбалски дијамант кон е член на Работнички. По Елиф Елмас, кој во 2017 година од таборот на „романтичарите“ се пресели во гигантот од Истанбул, сега Фенербахче го следи и Лука Станковски.

Скаутите на клубот ги забележале неговите одлични игри во дресот на „романтичарите“ во есенскиот дел од шампионатот и тој е меѓу имињата на списокот на тренерот Ерол Булут кои би требало да бидат доведени и да претставуваат светла иднина на клубот. 

„Висок е 190 сантиметри, има одлична техника, игра во средниот ред и како од шега постигнува голови. Во првиот дел од сезоната во Македонија постигна седум гола и забележа две асистенции. Лука Станковски е новиот македонски фудбалски дијамант што го следи Фенербахче и не смее да го испушти“, пишуваат турските медиуми. 

Германецот Месут Озил е големата ѕвезда која ја окупира турската фудбалска јавност овие денови, можноста да пристигне во Фенербахче се најавува на голема врата.

Но, исто така, во позадина раководството на турскиот клуб работи и на иднината, па така скаутирани се Лука Станковски од Работнички, како и Унгарецот Атила Салаи од Аполон Лимасол кој игра во одбраната и нигерискиот напаѓач Брајт Осаји Самуел кој е член на Квинс Парк Ренџерс и треба да пристигне во Истанбул по завршувањето на сезоната.

              
G-G32VEZ5NYJ