Футсал првакот Шкупи на мегдан со украинскиот Керсон во ЛШ: Подготвени за изненадување

Македонскиот футсал шампион Шкупи денеска (13 часот) во Запорожје го игра натпреварот од 1/16 - финалето во Лигата на шампионите против украинскиот состав Керсон. Домаќинот е голем фаворит, но Шкупи се надева дека може да направи изненадување и да се пласира во следната рунда од елитното европско клупско натпреварување. 

Тренерот Зоран Лекиќ и фудбалерите ги одработија тактичките варијанти на последниот официјален тренинг во „Палатата на спортовите - Младост“ во Запорожје и се подготвени за надигрување. Успешно се минати и тестовите за Ковид-19, па Шкупи во комплетен состав го очекува денешниот меч. На овој дуел дебито во дресот на Шкупи ќе го има и Халим Селманај, кој е големо засилување за тимот и еден од најдобрите футсал играчи во Европа. 



  

     
G-G32VEZ5NYJ