Родриго де Пол доаѓа во Ливерпул?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул ја пронајде замената за Џорџинио Вајналдум кој по завршувањето на сезоната ќе замине од „Енфилд Роуд“. Тој најверојатно како слободен агент ќе се пресели во Барселона, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, на негово место планира да го доведе Родриго де Пол.

Аргентинецот игра одлично во дресот на Јувентус, тој е желба на Јувентус и на ПСЖ, во Премиер - лигата за него интерес појави и Марсело Биелса кој би го довел во Лидс Јунајтед, но понудата на Ливерпул се чини дека нема да може да ја одбие.

Клоп се надева дека Родриго де Пол би можел да пристигне и кон крајот на зимскиот преоден рок, но прашање е дали Удинезе ќе се согласи на ваков чекор на својот најдобар фудбалер.   

        
G-G32VEZ5NYJ