Најважната информација УЕФА ќе ја соопшти на 5 март: Европското првенство во 12 градови од 12 земји

Македонија ќе игра во Букурешт против Австрија и против Украина, а потоа ќе се пресели во Амстердам. Европското првенство ќе се игра во 12 градови од 12 земји, како што и претходно беше планирано, потврди УЕФА. 

„Ништо не е променето кога е во прашање Европското првенство. Закажано е од 11 јуни до 11 јули“, изјави портпаролот на УЕФА.

Најважната информација сепак ќе следи на 5. март. Тогаш ќе биде објавено дали и во кои градови натпреварите би се одржувале со присуство на публика.

„Засега има четири можности - 100% гледачи на стадионите, од 50,до 100%, од 20 до 30% или без гледачи“, информираат од УЕФА. Клупските натпреварувања под закрилата на УЕФА засега остануваат без промени.          
G-G32VEZ5NYJ