Ангеловски: Сите заедно и сложно да се радуваме на нови големи победи

Игор Ангеловски доби нова доверба од УО на ФФМ да ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство. По големиот успех што е остварен со пласманот на ЕП, сега селекторот најавува нови големи победи и во претстојниот период.    

„Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа. Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката. Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава“, изјави селекторот на македонскиот националем тим, Игор Ангеловски. 

 
G-G32VEZ5NYJ