Женскиот фудбалски клуб Љуботен добеде уште едно засилување од странство. Тимот за пролетниот дел од првенството е посилен и за Сенада Муратовиќ. Таа е репрезентативка на БиХ која беше пред потпис со италијанскиот калчолигаш Торино, а сега одлучи да ја прифати понудата на ЖФК Љуботен.
Во слободно време, покрај фудбалот, Сенада се бави и со фотомоделинг.
„Фудбалот го засакав поради Икер Касилјас. Повикот од Торино е нешто посебно во мојата кариера, но ете поради 'виша сила' не можев да си ја исполнам таа желба. Фотомоделингот ми е само хоби. Ми пристапија од една агенција и тоа ми причинува задоволство, понекогаш имам и фотосесија за пријатели кои продаваат спортска опрема“, вели Сенада Муратовиќ.
Таа игра на крилните позиции и треба да биде големо засилување за ЖФК Љуботен.