Чеферин: Супер ми е што Македонија се пласира на Европското првенство

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, ја посочи Македонија за големо пријатно освежување како учесник на претстојното Европско првенство кое во јуни ќе се игра ширум Европа. Тој во интервју за српски „Информер“ истакна дека успехот на Македонија е одличен доказ како спортскиот успех може да го обедини народот во една држава. 

„Македонија пријатно ме изненади, супер ми е што се пласираа на Европското првенство. Ги следев, беа во група со Словенија во квалификациите, имаат добра екипа и одличен селектор.  Една мала земја која нема добра економска ситуација сега доби одлична шанса да се промовира. Ретко што може да го обедини народот во една држава како што можат спортските успеси“, изјави Чеферин.


G-G32VEZ5NYJ