МАКФУДБАЛ - ТРЕНЕР НА МЕСЕЦОТ: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)

Струга Трим Лум е најпријатното изненадување по првата полуетапа од Првата фудбалска лига, ако не ја сметаме Македонија ЃП, која веќе се етаблираше како еден од кандидатите и во трката за шампионската титула. Тимот на Срѓан Захариевски имаше одличен финиш, ги совлада Работнички (2-1) на домашен терен и Шкупи (1-2) на гости во Скопје и стигна до 28 бода, со кои котира многу високо, на четвртата позиција на табелата. 

Претходно, Струга Трим Лум ремизираше (2-2) против Вардар и против Шкендија (1-1) на домашен терен, а единствениот пораз го забележа на гостувањето против Борец (2-1) во Велес. 

Срѓан Захариевски успеа да изгради препознатлива игра на тимот, офанзивно, напаѓачки, на гол повеќе, а на таков начин доаѓаат и позитивните резултати. Тој го заслужи изборот за МАКФУДБАЛ - ТРЕНЕР на месецот. 

  
G-G32VEZ5NYJ